Британскиот премиер Борис Џонсон изјави денес дека оваа недела ќе се утврди како ќе изгледа претпазливиот, но конечен и неповратен пат од блокадата предизвикана од пандемијата на коронавирусот, откако вакцинирани се скоро 15 милиони луѓе во оваа земја.
Со оглед на тоа што скоро една четвртина од населението во Обединетото Кралство беше вакцинирана со првата доза на вакцина, Џонсон е под притисок на бројни законодавци, како и компании, да ги релаксира мерките и да ја започне економијата.
„Треба да бидеме многу внимателни, но она што сите го сакаме е напредокот на земјата, што е неповратно“, изјави Џонсон пред новинарите.
„Ако успееме, ќе поставиме датуми кога ќе започнеме со олеснување на мерките“.
Џонсон претходно најави дека ќе има нов карантин на 22 февруари, а претходно потенцираше дека стапките на инфекции се уште се високи и дека премногу луѓе сè уште умираат.
На прашањето дали училиштата повторно ќе бидат отворени на 8 март, Џонсон рече дека ќе стори се за тоа да го осигура.
Ако многу луѓе се заразат повторно, постои ризик вирусот да мутира и да се прошири на постари и поранливи групи, рече тој.
Велика Британија е петта земја во светот со најголем број смртни случаи од коронавирус, по САД, Бразил, Мексико и Индија.
