Џонсон: Прерано е за олабавување на мерките

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Прерано е земјата да се ослободи од рестриктивните мерки , оцени денеска премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, во време кога кружат гласини дека британските пабови најверојатно ќе се отворат во мај.

Џонсон е посветен на изготвување план како да се ублажат мерките, посебно што пратениците од Конзервативната партија го притискаат да ја олесни ситуацијата веднаш штом ќе се изврши вакцинирање на најранливиот дел од населението, пренесува Гардијан.

Даунинг стрит (резиденција на британскиот премиер) денеска потврди дека лицата над 50 години, како и ризичните групи на возраст меѓу 16 и 65 години, ќе бидат во ред за вакцинирање и дека тоа ќе се случи до мај.

Марк Харпер, директор на Групата за опоравување по Ковид, рече дека ќе биде „скоро невозможно да се оправда постоењето на какви било ограничувачки мерки“ во време кога се вакцинираат девет големи популациони групи.

„Гардијан“ се повикува и на весникот „Сан“, кој дознава дека владата ќе им дозволи на пабовите да продаваат пиво за носење во април, пред целосно да се отворат во мај.