Џонсон: Треба да се надмине голем јаз во преговорите со ЕУ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека трговските преговори со Европската унија „изгледаат тешки“ и оти постои јаз што треба да се надмине, но вратата за понатамошни преговори сè уште е отворена.

– Очигледна позиција на Велика Британија е дека секогаш сакаме да ги продолжиме разговорите ако има шанса за договор, нашата врата е отворена, ќе продолжиме да разговараме, но мора да кажеме дека работите изгледаат тешко. Постои јаз што треба да се надмине, изјави Џонсон.

– Но, исто така, мора да биде јасно дека Велика Британија мора да има можност да ги спроведува сопствените закони, луѓето гласаа за тоа, а ние исто така мора да ги контролираме и нашите води и правата за риболов, рече тој.

Квотите за риболов во британските води и правилата за пазарна конкуренција остануваат главните спорни прашања во преговорите.

Велика Британија излезе од ЕУ на 1 јануари, но неформална е членка до 31 декември, кога официјално завршува преодниот рок во кој беше дел од единствениот пазар и царинската унија.