Џорџина на Роналдо се пофали со своето ново хоби, може да ги налути Арапите

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Џорџина РОДРИГЕЗ, девојката на Кристијано Роналдо, на својот Инстаграм профил го покажа своето ново хоби. Инфлуенсерката почна да тверка, а во видеото за нејзината приказна на своите следбеници им покажа како помина првиот час од тренингот.

Многумина коментираат дека оваа акција повторно ќе ги налути арапските фанови и граѓани, поради нивните строги закони против жените.

Таа неодамна беше на удар на критиките од Арапите затоа што позирала во костим за капење покрај базен.

Потсетуваме дека Кристијано Роналдо и неговото семејство неодамна се преселиле во Саудиска Арабија, каде живеат според нови правила. Тој и Џорџина добија специјална дозвола од саудиската влада за заеднички живот.