Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден е во нова фаза од третманот за агресивна форма на рак со радиотерапија и хормонска терапија, објави денес неговиот портпарол. „Како дел од неговиот план за третман на рак на простата, претседателот Бајден моментално прима радиотерапија и хормонска терапија“, изјави портпаролот на поранешниот американски претседател, според NBC News. Се очекува радиотерапијата да трае пет недели и претставува нова фаза во неговиот третман, рече портпаролот.
