Дибиров останува во Вардар до јуни 2023

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тимур Дибиров ќе го носи „црвено-црниот“ дрес на Вардар и во следната сезона, најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката, објави ракометниот клуб.

Вардар се договори со левото крило за продолжување на соработката со што Русинот ќе ја игра 10-тата сезона во Скопје.

Дибиров е еден од ракометарите со најдолг стаж во клубот. Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа, со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.

Вардар е на чекор до освојување на 15 титула во првенството и викендов ќе игра на Ф4 во Купот на Македонија.