ДИК и медиумите еден час ги чекаат новите пратеници да дојдат и да ги подигнат уверенијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никој од новоизбраните пратеници веќе еден час не пристигнаа во Државната изборна комисија за да го подигнат уверенијата со кои стануваат пратеници.

За 12 часот, ДИК закажа средба со новите пратеници, но засега во салата, останаа само членовите на ДИК, свеченото цвеќе поставено по повод овој моментни медиумите.

Просторијата на ДИК каде што се одржуваат седниците е мала, па нема ниту можност за одржување на дистанца меѓу медиумските екипи. Голем дел од нив се наоѓаат на терасата.

ДИК во 11 часот одржа седница на која ги соопшти официјалните резултати од изборите.

До 13 часот само претставникот на ДУИ пристигна и ги подигна сите уверенија.

Имено, уверенијата во Државната изборна комисија веќе се подготвени и треба да се доделат лично на избраните пратеници.

Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстојниот Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август.