ДИК предлага да нема техничка влада – Jанкуловски нема да биде шеф на СВР Tетово

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Техничкиот министер Наќе Чулев на 17 февруари за шеф на СВР Тетово го именува Гоце Јанкуловски. Оваа одлука Владата ја поништи со изговор дека неговото именување е направено по објавување на парламентарните избори. По ова, Чулев побара мислење од ДИК, но денеска од таму неговото барање го оценија како неосновано.. Членовите на ДИК едногласно рекоа дека за барањата за именувања и разрешувања за време на објавени избори надлежна е Антикорупциска комисија.

Јанаќе Витановски рече дека до денеска ДИК, од министрите на техничката влада добиле барања кои не се во надлежност на ДИК и според него, техничките министри во министерствата се водат по нивните партиски политики.

Исто така и заменик претседателката на ДИК, Дитмире Шеху апелираше до политичките партии да водат фер и демократска предизборна кампања.

Од ДИК апелираат техниката влада да го почитува законот и членовите во врска со техничката влада и да не доставуваат барања кои се бесмислени. Исто така од ДИК информираа дека по изборите ќе иницираат измени за во иднина да нема веќе Техничка влада.