Откажувањето на државната матура поттикна дилеми кај матурантите – Врз која база ќе се селектираат матурантите при упис на факултетите?
Постојат две опции – при уписот матурантите да се селектираат врз просечната оценка во четиригодишното средно образование или приемен испит.
Прашавме неколку матуранти што мислат во врска со тоа. Ана Андреска рече дека приемниот испит не е нешто пригодно поради тоа што станува збор за нешто ново и не знаат како ќе се спроведува и реализира тоа.
Но, според матурантот Дардан Османи одржувањето на државната матура не е решение. Тој смета дека државната матура се укина бидејќи не беше идеален модел и додава дека подобро би било да се спроведен некоја мерка која би била комбинација на просечната оценка и приемниот испит.
“Приемниот испит е добра идеја, но има и други опции. Кај некои држави тоа е организирано поинаку. На пример доколку јас имам приемен испит по математика, тогаш се зема оценката од математика од четири години средно и се зема како просечна оценка за државниот испит и врз таа оценка јас да се регистрирам на посакуваниот факултет.“, рече Дардан Османи.
Меѓутоа, министерот за образование, Арбр Адеми, вели дека приемен испит ќе има само таму каде што заинтересираноста е голема и каде ќе се пријават двајца ученици со исти бодови.
„Ние сметаме дека приемен испит треба да се организира на таа студентска програма каде има конкуренција и каде повеќе од две лица се пријавиле со ист број на бодови. Значи, каде што има пријавени повеќе лица со ист број на поени а треба да се упишат ограничен број на студенти.“, вели Адеми.
Кое решение ќе биде усвоено ќе се одлучи додатно и ќе се предвиди со Уредба, најави министерот Адеми. Меѓутоа приемниот испит не е нешто ново во нашата земја бидејќи вакви испити порано имаше на Факултетот за драмски уметности и Факултетот за Архитектура, и во средните училиште Панче Караѓозов и Орце Николов.
