Џејви Санга, дилерката на дрога, е осудена на 15 години затвор поради тоа што учествувала во снабдување на ѕвездата од серијата „Пријатели“ Метју Пери со кетамин, кој го убил актерот.
Санга е позната како „Кралица на кетаминот“, призна дека имала нелегални наркотици во својот дом во Лос Анџелес и се изјасни виновна за пет точки побрзани со смртта на Пери, кој почина во 2023 година.
Санга се соочуваше со казна затвор од 65 години.
Докторот кој нелегално му препишал Кетамин на Пери е прогласен за виновен по сите точки од обвинението.
Смртта на 54-годишниот Метју Пери, кој беше пронајден во несвест во неговата када со џакузи во октомври 2023 година, ги шокираше фановите на „Пријатели“ и го растажи Холивуд.
Обдукцијата заклучи дека Пери починал од „акутните ефекти на кетаминот“, кои, во комбинација со други фактори, предизвикале актерот да ја изгуби свеста и да се удави.
