Околу изборот на нов јавен обвинител, претседателот на ЗНАМ Максим Димитриевски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека нема никој да фаворизира од оние кои се во тесната трка, и кажа дека новиот обвинител мора да биде професионалец, без влијание кој ќе го гони криминалот без селективен пристап.
„Јас мојот став го имам кажано. Коцевски лично не го познавам и не можам да го коментирам од тој аспект, но во делот на моето лично искуство со дел од Обвинителството, ако барате одговорност, ја барате кај првиот човек. Истиот ги прифати критиките, и се повлече. Очекувам Македонија да избере обвинител кој ќе биде свој, професионалец без влијание и јавен обвинител кој суштински ќе го гони криминалот без селективен пристап. Дали тоа ќе се случи, ќе видиме во следниот период. Почната е една постапка, кое Владата го даде своето мислење. Сега Советот на Јавни обвинители нека седне и нека го избере најдобриот“, изјави Димитриевски и додаде:
„Кандидатите кои се во најтесниот круг, штом дошле до оваа фаза, да поднесат апликација да станат кандидати, луѓето поседуваат одредено минато во областа во која ја работат или сакаат да ја работат. Не би навлегувал во имиња, ниту би сакал да фаворизирам некој кандидат, и лично не познавам ниту еден“, рече Димитриевски.
