Димитриевски до Заев: Нѐ понижуваш, газиш по нашата историја и коските на нашите предци

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Реакција на градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски по повод денешните изјавени лични ставови во јавноста од страна на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, а поврзани со историските прашања.

„Има ли крај на оваа самопонижување? Зоране, пријателе, збoруваш од позиција на Премиер во име на сите нас, не понижуваш сите, газиш по нашата историја и коските на нашите предци. Македонците и сојузничките балкански народи беа и сеуште се антифашисти. На 11ти Октомври ќе треба на кумановската и прилепска спомен костурница заедно да положиме цвеќе на жртвите на фашизмот, јас како градоначалник, а ти како актуелен Премиер. Сега молкот е повеќе од срам!“, истакнува Димитриевски.