Димитриевски во Дејли Клик: Македонија „стана“ мека и медина за обложувалници и казина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Причината за ослабувањето на претходната Влада бил притисокот од ДУИ врз СДСМ рече претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски во Дејли Клик. Според него, никогаш не треба да се дозволи една политичка партија да врши притисок и уцени врз најголемиот партнер.

Димитриевски најави реформи и деполитизација на администрацијата како и намалување на цените на нотарските услуги. Што се однесува до игрите на среќа, смета дека тие треба да постојат но надвор од урбаните места.

Димитриевски најави дека сите вработени кои што примаат плата а не одат на работа, ќе бидат отпуштени од работа.