Кандидатот за претседател Максим Димитриевски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека треба намалување на бројот на пратеници.
Според него, и некои од министерствата треба да се укинат и трансформираат во Агенции.
„Сериозно да се поработи на Законот за државни и јавни службеници, голем дел од нив се луѓе кои не си ја одработуваат својата плата“, вели Димитриевски.
