Поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, потписник на Преспанскиот договор, вели дека во јули минатата година и се обратил на претседателката, која го критикувала Преспанскиот договор, за да и укаже дека греши. Како што вели тој, ја советувал дека токму
„Преспанскиот договор е едно од најсилните оружја што ги имаме во битката за идентитетот и дека наместо да биде напаѓан, тој треба максимално да се искористи. Година дена подоцна во свој нов настап Претседателката тоа го потврдува, вели Димитров.
Тој воедно повикува на политичко и државно единство, нагласувајќи дека во прашања од национален интерес не смее да има партиски поделби, туку заеднички став во одбрана на државата.
