Актуелниот министер за надворешни работи, Никола Димитров кој воедно е и носител на листата во ИЕ 1 на СДСМ денеска по координатовната средба со кандидатите за пратеници истакна дека веднаш штом се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржат одложените предвремени парламентарни избори.
„Нашата држава веќе со месеци е фокусирана и сите капацитети ги вложува во справување со пандемијата во интерес на животот и здравјето на граѓаните и справување со економските последици од оваа голема криза. Неопходно за да можеме да продолжиме токму во функција на животот и здравјето на граѓаните е да имаме целосно функционални и легитимни институции, затоа нашиот став е дека веднаш штом се исполнат законските и здравствените услови треба да ги одржиме одложените предвремени парламентарни избори. Токму на овие теми со кандидатите за пратеници за ИЕ 1, од листата предводена од СДСМ денеска имавме еден работен состанок и поразговаравме за сите аспекти од ова важно прашање“, посочи Никола Димитров.
