Димова: Парите се делат по програма утврдена од Брисел, станува збор за давање пари на грантови, не на фризерница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидија Димова, директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, одржа прес-конференција на која образложува за последните информации во јавноста, дека е даден грант од 270 илјади евра на фризерница.

„Целата голгота започна откако објавив сторија за злоупотреба на 2,2 милиони евра. Ова е случај од лани, пријавен во Брисел, и за ова треба да ги поставите прашањата кај Јавниот обвинител“, рече Димова.

Таа за грантот за фризерницата, појасни дека е даден грант на претпријатие, и дека фотографиите се монтажа.

„Парите се делат по програма утврдена од Брисел, ние добиваме прирачник во кој се дадени сите правила како се оценуваат проектите. Точно станува збор за давање на грант, поточно на повеќе грантови, но не на фризерница, туку на претпријатието В.Е.З. Трејд, а господинот Зоран Златковски е сопственик пред чија продавница се направија многу монтажи, а последната како јас се наоѓам пред неа. Дури и да беше фризерница, Еразмус програмата има простор за сите, во минатото сме давале такви грантови и тоа не е ништо спорно. Другата манипулација е дека директорката е таа која ги дава парите, а тоа тотално е неточно.“, рече Димова.