Динамо Загреб во полуфиналињата во Катар има повеќе играчи од Реал Мадрид, Интер, ПСЖ…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екипата на Динамо Загреб, може да се пофали дека во полуфиналните пресметки ќе има повеќе претставници од „гигантите“ Реал Мадрид, ПСЖ, Интер… и од некои други клубови.

Дури четири играчи има Динамо Загреб кои играат во дресот на Хватска и утре ќе се „судрат“ со силната Аргентина. Тоа се голманот Доминик Ливаковиќ, Мислав Оршиќ, Бруно Петковиќ, а тука е и Јосип Шутало.

Динамо Загреб е четвртиот тим по бројот на играчи кои ги дава во полуфниалето, а пред нив се само Баерн, Севилја и Атлетико Мадрид. „Модрите“ имаат повеќе играчи и од гигантите како Реал Мадрид, ПСЖ, Интер…

Највеќе фудбалери дава Баерн Минхен кој има шест играчи во полуфиналињата, и тоа Мазрауи (Мароко), Коман, Ернандез, Павар и Упамекано (Франција) и Станишиќ (Хрватска). Следуваат Севилја и Атлетико Мадрид со по пет играчи.