На Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово се одржа церемонија по повод дипломирање на 17-тата генерација апсолвенти. Ректорот Абдуљменаф Беџети, истакна дека студентите кои завршуваат студии на овој универзитет, многу брзо успеваат да се вработат.
-Вие сте 17-тата генерација, со која нумерички гледано бројот на дипломирани студенти само на додипломски студии достигна до 15 илјади, од вкупно 26 илјади запишани студенти во три изборни циклуси. Стотици педагози од земјава, регионот, но и на меѓународно ниво организирани во три центри, пет факултети, но и три институти со вкупно 82 студиски програми во три циклуси кои се исклучително поддржани од академскиот кадар, дадоа и продолжуваат да даваат придонес во човечкиот капитал-вели Беџети.
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, им порача на дипломираните студенти и во иднина да се ангажираат во академски, но и приватен аспект.
Говор на церемонијата одржа и собранискиот спикер, Талат Џафери. Денеска се одржа и отворен ден на универзитетот, каде матурантите се запознаа со понудата за студирање што ја нуди универзитетот.
