Избувна пожар во магацин за бои и лакови кај скопска „Железара“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попладнево околу 17 часот избувна пожар во деловни простории во кругот на поранешниот индустриски комплекс „Железара“ во Скопје, информираат од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје.

Пожарот избувнал во магацин за бои и лакови на булеварот „Александар Македонски“ бр. 67, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од пожарот се издигна густ црн чад, кој се гледаше од повеќе локации во Скопје.