Директорот на Царина Николовски: Во 2025 година остварени дополнителни над 100 милиони евра приходи во буџетот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Царина, Бобан Николовски на својот профил на „Фејсбук“ напиша дека во 2025 година биле реализирани повеќе од 100 милиони евра приходи во буџетот.

„Во 2025 година реализиравме повеќе од 100 милиони евра дополнителни приходи во буџетот. Ова е доказ дека институциите можат да работат ефикасно, транспарентно и во интерес на државата.

Преку засилени контроли, подобрена анализа на ризик и модерни системи, ја покажавме силата на организираната, професионална и тимска работа. Ова е капитал што се враќа кај сите граѓани“, напиша Николовски.