Дискриминација во „Братство Единство“, родители не сакаат нивните деца да учат заедно со Египќани

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Ова е Основното училиште „Братство Единство“ во Охрид.
Во ова училиште учат ученици од разни општини.
Но, иако се вика „Братство Единство“, како што се чини во ова училиште има поделба и дискриминација, а не единство.

Голем дел од учениците се декларирани како Еѓипќани, за жал поради тоа дел од родителите не сакаат нивните деца да учат заедно со нив.
Не ги запишуваат децата во ова училиште, со што ја прават непочитување на регионализацијата на училиштата и кршејќи ги законите.
Оваа појава не само што претставува етничка поделба, туку и го намали бројот на учениците, па како резултат на тоа има паралелки со само 8 ученици.

„Преместувањето на овие деца понекогаш се случува со дозвола поради промена на местото на живеење, но во повеќето случаи родителите на своја рака ги запишуваат децата каде што сакаат.
ТВ21 дознава дека над 60 ученици годишно се испишуваат од ова училиште или пак воопшто не се запишуваат, токму поради тоа што најголемиот број ученици се од египетската заедница“, рече директорот на ОУ „Братство Единство“, Џемаљ Мехмеди.

„Случајот е пријавен и кај Народниот правобранител. Неговиот заменик, Илбер Руфати, вели дека иако поголемиот број наставници се Македонци, сепак родителите претпочитаат нивните деца да не следат настава во ова училиште. Ова според законот се оценува како дискриминација на етничка основа“, додаде Мехмеди.

„Се појави проблем со меѓуетничка омраза. Проблемот настана кога поголемиот дел од македонското население, учениците, семејствата со или без дозвола на училиштето ги испишале и запишале во друго училиште. Така, во „Братство Единство“ останаа ученици од египетската, турската или албанската заедница“, посочи заменик на народниот правобранетил, Илбер Руфати.

Во Македонија има уште неколку училишта со ваков проблем. Директорот на училиштето „Братство Единство“ рече дека не треба да има дискриминација, повикувајќи ги училиштата да го почитуваат законот.