Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола, изборниот материјал почна да се дели во сите општински комисии во Македонија.
Испечатени се вкупно 1 814 263 со високо ниво на безбедност.
ТВ21 ја следеше Државната изборна комисија која беше во Тетово за да го дистрибуира изборниот материјал.
„Моментално се наоѓаме во општина Боговиње каде почна да се дели доверливиот изборен материјал и веруваме дека за неколку дена ќе биде поделен со цел да им се овозможи на граѓаните да го користат нивното право на глас, од 13 кога гласаат лицата заразени со Ковид-19 и тие кои се во изолација, на 14 болните и изнемоштените лица и затворениците“, истакна Енвер Салихи.
Само во Боговиње има 13 гласачки места во 15 села. Во понеделник и во вторник овде ќе гласаат 25 гласачи.
„Сите услови се исполнети, моментално процесот се одвива добро, нема никаков проблем. На 13 ќе гласаат 2 лица кои се во самоизолација, на 14 имаме 23 болни лица“, посочи Беќир Беќири.
Во земјата се пријавени за гласање 747 лица бидејќи се во изолација поради коронавирусот, 9200 се болни и изнемоштени и 1657 затвореници.
Гласачи пријавени за да гласаат на 13 и 14 јули:
747 – во изолација
9200 – болни и изнемоштени
1657 – затвореници
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, вели дека тешко е да се организира изборниот процес за време на пандемија кога треба да се внимава на здравјето на граѓаните, но апелира да се гласа без страв за здравјето.
Дезинфекцијата на сите гласачки места почна вчера, а ќе продолжи и утре, а процесот ќе биде повторен и по изборите. Процесот на гласање ќе се организира во 3 390 гласачки места.
