Oвeн – Можни се недоразбирања со колегите поради разликите во пристапот кон работата. Држете се до вашите принципи, но бидете отворени за туѓите идеи. Зафатените ќе почувствуваат напнатост во комуникацијата со партнерот. Слободните луѓе треба да се воздржат од носење импулсивни одлуки во врска со новите познанства.
Биĸ – Можно е да се соочите со предизвици за кои е потребно трпение. Не дозволувајте фрустрацијата да ве попречи во остварувањето на вашите цели. Слободните Бикови треба да бидат внимателни во толкувањето на пораките од потенцијалните партнери за да избегнат разочарување.
Близнaци – Вработените во динамично опкружување можат да го почувствуваат притисокот. Фокусирајте се на организацијата за да избегнете грешки. Слободните можат да запознаат личност која ги заинтригира, но ова запознавање не носи никаква стабилност.
Paĸ – Емоционалните реакции можат да ве спречат да донесувате рационални одлуки. Обидете се да се фокусирате на конкретни задачи. Зафатените да избегнуваат да ги навраќаат проблемите од минатото.
Лaв – Вашата енергија може да флуктуира. Важно е да се фокусирате на приоритетите и да избегнувате непотребни дискусии. Зафатените Лавови треба да се трудат да бидат помалку критични кон партнерот, вие не сте центарот на светот.
Дeвицa – Вашите аналитички вештини ви помагаат да решавате сложени ситуации. Сепак, избегнувајте да бидете премногу критични кон колегите. Можна е стабилност во врската, но со труд од ваша страна. Слободните луѓе треба да обрнат внимание на луѓето од професионалната средина.
Baгa – Можно е да ве оптоварат незавршени работи. Фокусирајте се на деталите и избегнувајте избрзани одлуки. Оние кои се во врска, може да почувствуваат мало растојание од партнерот, додека слободните привлекуваат внимание, но немаат мотивација за подлабоко поврзување.
Cĸopпиja – Може да се појават непредвидени ситуации кои ќе бараат брза реакција. Вашата интуиција ќе биде клучна за решавање на проблемите. Емотивните Скорпии може да почувствуваат потреба за подлабока поврзаност со партнерот. Слободните треба да се воздржуваат од влегување во комплицирани врски.
Cтpeлeц – Креативноста може да ви помогне да најдете решенија за долгогодишните проблеми. Бидете отворени за соработка. Оние кои се во врска, да избегнуваат долги дискусии со парнтерот. Слободните може да запознаат некој кој доаѓа од далечина или е поврзан со патување.
Japeц – Вашата напорна работа и трудољубивост ви носат резултати. Сепак, бидете внимателни со новите задачи – не е сè како што изгледа на прв поглед. Слободните да се фокусираат на личните приоритети, а не на новите врски. Ќе има поволни можности.
Boдoлиja – Обидете се да ги споделите вашите иновативни, оригинални идеи со колегите – можете да постигнете значителен напредок. Слободните Водолии можат да привлечат некој интересен, но не и сигурен. Ако сте подготвени за флерт, уживајте.
Pиби – Важно е да се потпрете на интуицијата. Соработниците можат да бидат корисни, но внимавајте да споделувате информации. Слободните можат да запознаат некој кој ги дели нивните интереси. Опуштете се и уживајте.
