Ниту една повеќе: Граѓаните на марш низ Скопје

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Скопје денеска се одржува протест против фемицидите и институционалната неодговорност, по трагичното убиство на 17-годишната Биљана Киреќ од Богданци. Под мотото „Не бараме сочувство, бараме одговорност“, граѓаните бараат правда и поголема заштита на жените од насилство.

Маршот започнува во паркот „Жена борец“, продолжува покрај Собранието и Министерството за правда, а завршува пред Министерството за образование и наука.

Организаторите од иницијативата „Ниту една повеќе“ бараат транспарентна истрага, одговорност за евентуалните институционални пропусти и итни законски измени. Особена загриженост предизвикаа информациите дека Биљана претходно повеќепати пријавувала закани по живот.

По трагедијата е спроведен вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи во Гевгелија, а резултатите треба да покажат дали надлежните институции постапиле соодветно и навремено.