Овен
Работа: Доста стресни ситуации се пред вас на кои не може да влијаете многу. Она што е најважно е успешно да се изборите со сето тоа.
Љубов: Можеби ќе бидете малку чувствителни и нетолерантни, па советот е да се чувате од расправии со саканата личност.
Здравје: Напнатост, стрес.
Бик
Работа: Сите обврски кои сте ги оставиле, може успешно да ги регулирате и да ги звршите затоа што сте решиле да направите една голема чистка и максимално да се организирате.
Љубов: Нема ништо да постигнете ако се вовлечете во меѓусебни обвинувања меѓу себе. Спасот е компромис.
Здравје: Чувствителност во делот на кичмата.
Близнаци
Работа: Може да дојде до вербални предизвици, мора да се контролирате затоа што може да си наштетите. Важно е да не напаѓате први, а ако треба да се браните, тогаш бирајте ги зборовите.
Љубов: Немојте ништо да криете или да ќутите, подобро кажете го тоа што го имате на ум, па што биде нека биде.
Здравје: Водете сметка околу исхраната.
Рак
Работа: Сосема солиден ден е пред вас и без проблеми ќе ги реализирате своите обврски и ќе се посветите на долгорочните планови.
Љубов Без значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден, што веројатно и ви одговара.
Здравје: Одлично.
Лав
Работа: Уште еден успешен ден. Работа има, но вие сте многу добро организирани и мотивирани.
Љубов: Потрудете се да воведете некои позитивни промени и новини во вашиот однос. Тоа ќе годи и на вас, и на вашата драга личност.
Здравје: Одморајте.
Девица
Работа: Големо ангажирање и пред се истрајност ќе ви обезбедат денеска сосема добри резултати. Трудот секогаш се исплати.
Љубов: Доколку не сте сигурни дали личноста која неодамна сте ја запознале вреди за трудот, тогаш немојте да брзате, пуштете времето да каже.
Здравје: Можна несоница.
Вага
Работа: Дајте се од себе вашата работа да биде вреднувана на вистинскиот начин. Денеска имате поволна прилика да ги покажете своите квалитети.
Љубов: Покажете дека можете и сакате повеќе да се посветите на негување на добрите партнерски односи, и со малку труд и доволно разбирање се ќе тргне да се одвива во правец во кој сакате.
Здравје: Пад на имунитетот.
Шкорпија
Работа: Извесно е дека ќе мора да се соочите со некои непријатни ситуации од страна на блиските соработници. Ништо страшно, веќе знаете дека не треба да губите трпение.
Љубов: Потребно е да покажете повеќе присуство, повеќе љубов и внимание за се да функционира како треба. Не би требало да биде проблем, под услов да ви значи личноста која сте во врска.
Здравје: Можни метеоропатски реакции.
Стрелец
Работа: Иако односот со надредените сега е конкретен, и натаму ви пречат нивните обиди да ве ограничат. Не се откажувајте, но секако морате нешто и да истрпите.
Љубов: Отвореноста од двете страни е неопходна за сите проблеми и несогласувања бидат решени на најдобар начин.
Здравје: Исцрпеност, замор.
Јарец
Работа: Треба да ја засилите комуникацијата со соработниците и да ги наметнете своите ставови, гледишта и искуства и да не се откажувате од тоа.
Љубов: Ако сте слободни, може да запознаете личност со која ќе посакате нешто повеќе од обично познанство.
Здравје: Добро.
Водолија
Работа: Работата функционира стандардно, вие се одработувате рутински. Имате доволно енергија за сите предизвици како и работни активности врзани за кратки патувања.
Љубов: Дружете се со драги личности, излегувајте, бидете весели и расположени. Уживајте во добриот период кој е пред вас.
Здравје: Многу добро.
Риба
Работа: Доста промени има во најава, целата комуникација е на вас лично и бидете максимално внимателни кога се информациите во прашање.
Љубов: Моментот не е поволен за управување на некои сериозни планови, што е уште поважно, за нивна успешна реализација. Сепак, некои ситни промени се пожелни.
Здравје: Повеќе течности, и внимавајте на храна.
