До 5 април затворен граничниот премин Капштица на албанско – грчката граница

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Албанската гранична полиција денеска извести дека граничниот премин Капштица меѓу Албанија и Грција, кај Корча, ќе остане затворен до 5 април, односно по католички Велигден.

Одлуката е донесена од грчката полиција како дел од мерките преземени од владата на таа земја за да се спречи ширењето на коронавируспот, пренесува Ора њуз телевизија.

До овој датум ќе бидат затворени и другите помали гранични премини во југосточниот дел на Албанија на границата со Грција.

Од друга страна, влезот во Албанија од Грција ќе биде возможен меѓу 6:00 и 22:00 часот само за пешаци и тешки товарни возила, како и камони кои транспортираат стока.

Автобусите, такси-возилата и сите други патнички возила нема да смеат да влегуваат во земјата.

Патниот сообраќај ќе се одвива само преку преминот Какавја, кај Ѓирокастро, кој ќе биде отворен од 7:00 до 19:00 часот, период по кој ќе може да поминуваат дозволен само 400 лица.