До година по нов автопат? – Бочварски: Треба да бидеме оптимисти за автопатот Кичево – Охрид

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пред 4 години екс премиерот Зоран Заев отиде кај тунелот на автопатот Кичево-Охрид за да изврши надзор на работите.

Денеска кај истиот тунел отиде и неговиот наследник, Димитар Ковачевски заедно со претставници од владиниот кабинет.

Премиерот вели дека автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крајот на 2023, а тоа го вели врз основа на потпишаниот договор а не врз основа на текот на работите на терен.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на прашање за завршувањето на автопатот, рече дека треба да бидеме оптимисти дека ќе заврши во предвидениот рок, без да даде детали што ќе се случи доколку се пробие рокот.

Директорот Ејуп Рустеми ги негира гласините деа компанијата Синохидро побарала одложување на рокот за завршување на автопатот до 2026.

„Не е вистина, ние имаме постојана комуникација со компанијата Синохидро, исто така и со подизведувачите кои ги има ангажирано компанијата Синохидро и имаме договор до 31.12.2023“, вели Ејуп Рустеми.

Потсетуваме дека од почетоко9т на работите на овој автопат, се сменија 4 влади, а рокот за завршување е до 2023. Потсетуваме и дека тунелот кој беше посетен денеска е најдолгиот тунел во Македонија.