До јуни ќе се реорганизира Клинички центар – „нема веќе да има организациски и медицински директори“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Нема да има веќе организациски и медицински директори на Универзитетскиот клинички центар Мајка Тереза во Скопје. До јуни 2024 ќе заврши процесот на спојување на Клиничкиот центар со што ќе бидат отпуштени од работа 33 економски директори и 33 медицински, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Пред еден месец министерот за здравство доставил барање до Влада и по изборите ќе започне оваа процедура, потврди премиерот Ковачевски.

На прашањето дали по изборите ќе има нова влада која нема да го продолжи овој план, Ковачевски рече дека по изборите, ќе остане истата влада.

Реорганизацијата на Клиничкиот центар го најави министерот за здравство, Фатмир Меџити само што дојде на функција, кој на утрешната владина седница ќе го отвори прашањето за вработените со договор во секторот здравство.