До каде се двојазичните униформи? – Спасовски: Постапката е во тек, наскоро ќе заврши

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Се уште не се знае кога униформите на полицијата ќе бидат двојазични.

Првиот човек на МВР, Оливер Спасовски, вели дека постапката е започната и дека има неколку технички проблеми кои треба да се надминат за униформите да бидат двојазични.

Прашан во врска со заедничкиот граничен премин со Косово, Спасовски рече дека се прават последните подготовки со цел да има полесно движење на граѓаните.

Владината уредба за промена на униформите на полицијата беше изгласана на 15 владина седница на 15 март 2022.