До крајот на 2028 година ќе важи повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И после 1. јануари 2026 година ќе важи повластената стапка на ДДВ од 5% за новоизградените станови, откако денеска Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за данок на додадена вредност.

Согласно измените, рокот на примена на повластената стапка од 5% на првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок од пет години по изградата, се продолжува од 1. јануари 2026 година, до 31 декември 2028 година.

Согласно постоечкиот Закон, беше предвидено повластената стапка на ДДВ од 5% на новоизградени станови да се применува до 31 декември 2025 година.