До крајот на годинава нова седница на Совет за безбедност за аерозагадувањето

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателот на државата Стево Пендаровски, по новинарско прашање од ТВ21 за тоа дали ќе се организира Совет околу загадувањето, најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за  безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидејќи е неспорна релацијата, како што рече, меѓу аерозагадувањето и пандемијата.

„Ќе видиме што во тој момент можеме, некакви пофокусирани мерки и активности од страна на Владата да се адресира посебно тоа прашање“, изјави Пендаровски.

Претседателот Пендаровски потсети дека лани првпат имавме на седница на Совет за безбедност дебата за аерозагадувањето.