До крајот на седмицата променливо и нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Jumbo

До крајот на седмицата времето ќе биде променливо облачно со сончеви период. Денеска, во петок и за викендот ќе има поинтензивни процеси со локален пообилен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Во среда и во следните денови ќе дува засилен северен ветер со над 50 км/час.

Во Скопје следните денови ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.