Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен југоисточен ветер. T=15°C. P=993hPa. U=70%. V=3m/s.
До петок времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Утрата ќе бидат постудени со минимални температури кои во некои места ќе се спуштат под нулата. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со услови за слаби локални врнежи од дожд.
