До Собрание доставен предлог – се бара референдум за дигитализација на учебниците

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Родителите преку иницијативата „Учебници мора да има“ до Собрание доставија предлог за покренување на иницијатива за распишување на референдум. Бараат на државно ниво да се одлучува за дигитализацијата на учебниците.

За овој предлог досега се собрани 600 потписи, а вкупно се потребни 10 илјади за да се смета за комплетна иницијатива.

Во сабота во повеќе градови низ земјата се протестираше против Законот за дигитализација на учебниците и за најавените измени во образовниот процес. Велат дека предлог законот е забрзан и донесен без консултации со експертите од областа, а најавија дека доколку не се прифатат нивните барања, учениците ќе ја бојкотираат наставата.