Овие ученици пешачат по 3 километри за да стасаат до училиште од селото Брњанци до Арачиново.
Амар, Илјада и Омер се првооделенци. Секој ден одат на училиште во страв да не бидат нападнати од кучиња скитници или пак да не ги удри некое возило.
„Кучињата ќе нѐ изедат, сешто има, возила….“, истакна Амар Сабедини
„Сакам да одам на училиште кое ми е поблиску до дома“, вели Омер.
Училиштето „Крсте Мисирков“ во Брњанци, Гази Баба е оддалечено само неколку метри од нивните домови, но 60 ученици Албанци не можат да учат во него, бидејќи нема албанска паралелка. Родителите бараат да се отвори паралелка и на албански јазик, со оглед на тоа што училиштето е доста големо. Според нив, за решавање на ова прашање нема волја од општина Гази Баба.
„Има многу деца кои се плашат од кучињата скитници. Има случаи и кога возило удри дете преминувајќи ја улицата. Последиците се безбројни…“, посочи Екрем Салиу.
„Потребен е ангажман, со автомобил, пеш или кој е слободен да ги носи. Децата се мали, а училиштето далеку. Треба да ја преминат главната улица. Има многу кучиња скитници, се плашат. Нема кој да ги носи на училиште“, додаде Башки Сабедини.
Директорот на ОУ „Ѓерѓ Кастриот Скендербег“ во Арачиново вели дека ќе бидат ангажирани и наставници кои ќе држат настава и во училиштето во Брњанци, со цел децата да не се доведуваат во опасност.
„Објектот има околу 7-8 ученици Македонци. Нека ни дозволат да има и втора смена, ќе ангажираме свои наставници само да им излеземе пресрет на нашите деца“, вели Азам Аки.
Инаку, утре општина Гази Баба ќе се сретне со управата на училиштето во Арачиново заедно со Советот на родители и ќе побараат од градоначалникот на Гази Баба, Борис Ѓорѓиевски – во училиштето „Крсте Мисирков“ во Брњанци да биде отворена и албанска паралелка. ТВ21 се обиде да стапи во контакт со градоначалникот за да го праша – колкави се изгледите да биде отворена нова паралелка, но тој не одговори на нашите повици.
