До вчера другари, сега ќе се соочат на суд – кому ќе му припадне Алијанса, на Таравари или на Села?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

До вчера пријатели и сега ќе се соочат на суд. Шефот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари и првиот човек на Централното собрание, поранешен претседател на партијата, Зијадин Села, вчера и официјално се разделија. Заедно со нив по одделни патишта ќе продолжат и пратениците, министрите, поранешните министри. Главната причина за разделбата беше како Алијанса да оди на избори, самостојно или во коалиција. Сепак, се очекува и двете страни преку Суд да бараат правда за тоа кој ќе ја добие партијата и печатите.

-Мислам дека оваа тема треба да се затвори. Мислам дека нашите патишта се разделија од денес. Оние кои мислат дека треба да и се помогне на ДУИ, можат да продолжат, и ние што мислиме дека мора да донесеме промена, дека само Алијансата и никој друг не може да ја донесе промената. Велам една реченица, Судот ќе одлучи. Вистината целосно е на наша страна. Нема што да се разговара со членови на претседателството, со пратеници во Собранието, туку нека одлучи судот-изјави Таравари.

реклама

Но, првиот човек на Централното собрание на партијата, Зијадин Села, не би сакал овој случај да стигне до судот, туку да ги решат проблемите меѓу себе на состанокот на партискиот конгрес. Меѓутоа, ако работата стигне на суд, тие ќе ја почитуваат конечната одлука.

-Паметно би било да не се повтори денешната ситуација кога партискиот лидер отсуствуваше од Собранието. Најдобар начин е тој да дојде на конгрес и таму да ги реши овие прашања и нема потреба да одиме на суд. Но секако јас и господинот Таравари дека ќе ги почитуваме одлуките на судовите-рече Села.

реклама

За тоа кому му припаѓаат партиските печати, Таравари вели дека партијата не ја прават ниту печатите, ниту автомобилите, ниту штабовите, туку народот, каузата и идеалот.

-Сум кажал дека партијата не ја прават ниту печати ниту коли, ниту штабови. Партијата ја прават луѓето, духот, каузите, идеалите. Зарем не гледате насмеани луѓе? Погледнете ја сликата на оние од другата страна, сите се депресивни, со наведната глава. Едноставно, на гласачот на АА, а не на членот на АА му е тешко да биде со ДУИ и да каже дека тоа е разликата-вели Таравари.

реклама

Инаку, на вчерашната седница на Централното собрание, крилото на Села, имаше иницијатива за разрешување на претседателот на партијата, Арбен Таравари. Конечната и официјална одлука ќе биде донесена на состанокот на партискиот конгрес закажан за 18 февруари.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама
реклама