Доаѓаат високи претставници од Европа и САД – Охрид и Отешево ќе бидат домаќини на „Преспа форум дијалог“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На 1-ви и 2-ри јули во Охрид и Отешево ќе се сретнат лидерите на државите од регионот со највисоките претставници од Европа и САД.

Низ големиот број на панел дискусии, панелистите ќе се осврнат на носечката тема на конференцијата Западен Балкан: Делот што недостига за Европа да биде целосна. Во основата на Преспа форум дијалог се наоѓаат три столба:

  • Охридскиот рамковен договор
  • Договорот за пријателството со Бугарија
  • Договорот од Преспа.

Доаѓаат двајца претседатели на држави, на Словенија и Црна Гора, Борут Пахор и Мило Ѓукановиќ, Северна Македонија ќе биде домаќин на четири премиери од регионот, Еди Рама, Зоран Тегелтија, Ана Брнабиќ и Албин Курти, како и  осум министри за надворешни работи од Албанија, Австрија, Црна Гора, Хрватска, Косово, Романија, Полска, Грција, Чешка и Италија.

Помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот на САД, Филип Рикер и заменик помошник Секретар во Бирото за Европски и Евроазиски работи во Стејт департментот на САД, Метју Палмер, ќе бидат дел од Конференцијата, додека пак од ЕУ, ќе присуствуваат комесарот Јоханес Хан, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, Анџелина Ајнхорст од Службата за надворешна и безбедносна политика, како и неколку пратеници од Европскиот парламент.

Присутен секако ќе биде и поранешниот премиер на Грција, Алексис Ципрас, како и значајни претставници од така наречената Охридска група.

На конференцијата ќе присуствуваат над 100 новинари, а таму ќе биде и тимот на ТВ21.