Со министерот за надворешни работи Бујар Османи, вчеерва во „Клик Плус“ на ТВ21 дебатираме на различни актуелни теми.
Го прашавме за неговото мислење за вчерашното гласање на доверба на владата во Собранието, која беше изгласана со 62 пратеници, Османи коментираше дека тоа било добар чекор на премиерот за да обезбеди политичка стабилност.
„Мислам дека беше добар чекор на премиерот, секако во координација со коалиционите партнери, затоа што имате опозоција која вели дека во секој момент владата може да падне, тоа ги обесхрабрува инвеститорите и сите кои сакаат да работат со оваа држава на било каков начин. Затоа веднаш се чувствува некоја политичка стабилност што ќе биде во следниот период“, смета Османи.
Тој ги коментираше најавите од опозицијата дека имала мнозинство и дека може да ја бутне владата.
„Работата на опозицијата е таа, да направи притисок да биде подобра. Но кога презентирате лажна вест дека имате мнозинство, и дека тоа ќе се преведе за гласање недоверба на владата, тоа влијае лошо, и тоа треба да се демантира. И, тоа се случи вчера. Инаку напорите на опизицијата да ја сруши владата и да обезбеди мнозинство, се легитимни“, рече Османи.
