Додека Европа бележи високи тропски температури, во исто време, но на другиот крај од планетата, силен поларен бран донесе снежни врнежи на ниски надморски височини низ Нов Зеланд, што предизвика затворање патишта и училишта, како и нарушување на траектниот сообраќај, додека властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат непотребни патувања.
Полицијата ги повика жителите на јужниот град Данидин да не патуваат освен ако тоа не е неопходно, поради снегот и заледените коловози.
За повеќе главни патни правци беа издадени предупредувања за снежни врнежи.
Невремето го наруши и образовниот процес. Сите основни и пониски средни училишта, како и детските градинки во Данидин, во подрачјето меѓу Мозгил, Порт Чалмерс и Вајкуаити, останаа затворени.
