Додека Македонија воведува порестриктивни мерки, Србија од денеска ги попушти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во Србија денеска стапија на сила некои олабавувања на мерките како што се работа на терасите на рестораните. После долго време во Србија, каде имаше „локдаун“ односно беа затворени сите продавници и шопинг центри, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи, од денеска можат да работат рестораните, ама само на отворено.

И надвор има мерки и протоколи кои мора да се почитуваат, како што се по максимум пет лица на маса, и дистанца на секоја од масите најмалку два метри.

Македонија денеска ќе носи нови мерки, кои ќе стапат во сила од утре, односно полицискиот час ќе стартува од 20 часот, а ќе бидат затворени угостителските објекти.

Властите во 14 часот на прес-конференција ќе ги објаснат сите детали, односно дали и на кој начин ќе работат угостителите во следниот период.