Додека прават ревизија им течат фекалии од покривот – за 50-тиот роденден нов покрив на универзитетската библиотека

НАЈНОВИ ВЕСТИ

За 50-тиот роденден на Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“  кровната конструктиција се очекува да биде реконструирана до крајот на годинава. Одобрени се 30 милиони денари од Министерство за култура.

Со одлука на Влада обезбедени се средства за реазлизација на проектот „Превод на дела со историска содржина на македонски јазик – Едиција Про Македонија, проект од 2014-та година, во износ од  21 601 674 денари за исплата на основниот долг кон издавачите и за редакторите 783 570 денари.

„Тогашниот директор немаше потпишано договор, не беа префрлени парите од Министерство за култура и ние се најдовме во една незавидна ситуација, бидејќи издавачите имаа потпишано договор со нас. И они нас не тужат. И до лани имаше опасност да бидеме блокирани“, вели Јелисавета Костадинова.

Во бибилотеката за една годинареконструирани се малата читална и големата читална. Она на што е посебно горда директората е депото за чување на археографката збирка. Бизнис секторот не е заинтересиран да инвестира во оваа библиотека која е матица на сите останати во земјава и каде престојуваат студентите идната интелектуална сила на земјава. Или како што им било објаснето на вработените од некој бизнисмен тој воопшто и не ја посетувал за да инвестира.

„Во февруари распишавме јавна набавка се пријави една градежна фирма чија понуда беше 39 милиони. Во консултации со Министерсвто за култура  дали можат да ни доделат уште 9 милиони рекоа дека немаат, лоша година. Моравме да ја поништиме јавната набавка и и сега повторно објавивме јавна набавка во која еден блок исфрливме согласно средствата“, додава Јелисавета Костадинова.

Во исклучително незавидна состојба се магацините каде се чуваат книгите. За што директорката вели дека кога ќе се санира покривот на читалните ќе се заштитат и магацините. Еден од проблемите со кои се соочува библиотеката е недостиг на кадар. Па, како за споредба објаснува дека кога почнала со работа во библиотеката имало 170 вработени, а денес 86. Само четворица чувари се ангажирани, па затоа и често се случува да се краде бакар од кровната конструкција што доплнително ја влошува ситуацијата за да протекува дожд. Со оглед на тоа дека во библиотеката во тек е ревизија на библиотечниот фонд не ни беше дозволено да снимиме. Некои од вработените се жалат дека додека прават ревизија им течат фекалии од покривот.