Се сомнева дека повеќе од една гризли мечка учествувала во нападот во кој загинале мајка и нејзината 20-годишна ќерка во местото Бела Кула, на централниот брег на канадската покраина Британска Колумбија, соопшти денеска покраинската Служба за заштита на природата.
Инспекторот на службата, Џеф Тајр, изјавил дека второто тело било пронајдено во вторникот попладне, за време на потрагата што ја спровеле припадници на Кралската канадска коњичка полиција и службеници за заштита на природата.
Првите посмртни останки биле пронајдени еден ден претходно, објави агенцијата АП.
