Доделени 47 социјални станови во Дебар, Николоски најави нови објекти во повеќе градови

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Д47 социјално загрозени семејства во Дебар добија дом. Распределени се 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски најави нови вакви објекти во повеќе градови низ земјава.

„Навистина е еден убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои што од денеска ќе имаат станови кои што ќе можат да ги користат во еден исклучително добро и квалитетно изграден објект, тука во Дебар. Се работи за најранливите категории, за деца без родители и родителска грижа, за корисници на гарантирана минимална поддршка, за лица погодени од елементарни непогоди, за лица со попреченост или нивни семејства, за лица кои што се самохрани родители со малолетни деца“, рече Николоски.