Бели наплепници врз државните симболи на косовските и на српските регистарски таблички започна во понеделникот (4-ти октомври). Сообраќајот на Јариње засега се одвива без проблеми, а од српската страна има малку подолги колони. Косовската полиција објави дека договорот за регистарски таблички, постигнат на 30 септември во Брисел, се спроведува на сите гранични премини меѓу Косово и Србија.
Сепак, сѐ уште не е разјаснето што ќе се случи со возилата со српски регистарски таблички, и оние со ознаки на косовските градови издадени од српските институции, кои веќе се во внатрешноста на Косово. Ова е привремено решение бидејќи на третата точка на постигнатиот договор со посредување на ЕУ, се предвидува на 21 октомври да почне со работа тим составен од службеници на ЕУ, Приштина и Белград, за да најдат постојано решение.
