Договорот со Беџет Пацоли во заборав, Арсовска презема одговорност за катните гаражи

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На прагот на локалните избори, претприемачот Беџет Пацоли, екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, потпишаа меморандум за соработка за изградба на катни гаражи. Присутен беше и првиот вицепремиер Артан Груби. Тој прв зборуваше пред медиумите и го изрази неговото задоволство за оваа соработка за која рече дека ја поддржува и Владата.

Најголема поддршка доби од претседателот Пацоли, посебно неговата компанија Мабетекс, за изградба на сите овие катни гаражи и паркинзи во општина Чаир.

За овој договор актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не знае. Таа в петок излезе во Чаирчанка – Чаир и вети монтажни гаражи на кат во оваа зона. ТВ21 ја праша дали станува збор за паркинзите кои се дел од горенаведениот договор или станува збор за друг проект, Арсовска ни рече дека не ја интересира што ветил Шилегов, туку овој проект е дел од нејзината програма.

Инаку инвестицијата е во вредност од 50 милиони евра, а предвидува изградба на 12 подземни и катни гаражи во Чаир, опфатени се 3 илјади паркинг места во повеќе локации во Чаир. Најави дека градежните работи ќе завршат за 2.5 години.