Бајден или Трамп. Кој и да биде избран за нов претседател на САД тоа нема да донесе суштински промени на Балканот, смета екс министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ.
„Мислам дека нема да има суштински промени на политиката кон Балканот, доколку дојде до персонална промена. Сепак, Балканот е едно релативно низок приоритет за американската политика“, посочи Вук Јеремиќ.
Поранешниот министер за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црндак посочи дека не треба да се лажеме со тоа дека доколку Џо Бајден ја преземе власта во САД ќе седне, ќе заврти глобус, и ќе го впери прстот кон Балканот.
„Да не се паѓаме во замка со тоа што ќе мислиме дека Џо Бајден дома ќе седне, ќе земе глобуст и ќе го впери прстот кон Балканот и ќе рече „Ајде да се справиме“. Иран, Кина, Русија, Блиски Исток, Сирија, односите со НАТО – се се тоа далеку поголеми приоритети. Не очекувам голем стратешки вртеж кон Балканот“, посочи Игор Црндак.
Аналитичарот Љубомир Филиповиќ во специјалното дебатно издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека овие излезни анкети толку се неизвесни што првичните резултати би биле познати дури за една недела.
„Демократите и републиканците се обврзаа дека доколку дојде до транзиција на власта, истата таа транзиција да биде мирна и во складност со демократијата, да не дојде до преседан кој би можел да ја расклати стабилноста“, вели Љубомир Филиповиќ.
Аналитичар на Би-би-Си вели дека развојот на настаните се случува како по рецепт за горчина и долга правна битка, што ќе ги натера гласачите на кандидатот кој ќе ја изгуби битката да се чувствуваат измамени, гневни и лути.
Доколку пак се реализира сценариото, да и двајцата кандидати освојат 269 електорски гласови, тогаш уставот вели дека претседателот го бира претставничкиот дом, каде што секоја држава има по еден глас, а потоа работата ја презема Сенатот.
