„Доколку нема гас, училиштата во Чаир ќе бидат затворени“ – ЕСМ не ги зела предвид барањата на топлана „Скопје Север“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во неколку основни училишта во Чаир ќе има прекин на наставата доколку тие не бидат снабдени со гас за парно греење. Барањата на топланата Скопје Север за помош не беа земени предвид од ЕСМ. Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу вели дека локалната власт треба да се ангажира повеќе и да го речи финансискиот проблем на топланата.

-Знаејќи дека сме во година на енергетска криза, навистина треба да и се помогне на оваа компанија, бидејќи знаете дека некои основни училишта од нашата општина немаат друг извор на греење освен оваа форма, немаме алтернатива во тие училишта, така што секој прекин во снабдувањето за греење на нашите училишта,  значи и прекин на образовниот процес,а тоа  не е добро, рече градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Директорот на Скопје-Север,  Куштим Рамадани му дал ултиматум на директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, до денеска напладне да ги прифати неговите предлози и да го потпише техничко-деловниот договор, но тој  истиот не го зел предвид. Топланата веќе нема финансиски средства, додека само за месец ноември треба да плати 17 милиони денари за профактура.

-Ги замоливме до 12 часот да не известат дали го прифаќаат нашиот договор или не, или имаат некакви коментари. Немаше комуникација до 12:00 часот, во 14:00 повторно со мејл ги потсетив дека поради итноста на ситуацијата треба да го разгледаат нашиот предлог за договор и сега чекаме да видиме што ќе ни кажат, ако не, не ни останува ништо друго освен итно да се обратиме до владата, изјави директорот на топлана „Скопје Север“, Куштрим Рамадани.

Следниот чекор на Рамадани е да побара помош од Владата, а тоа го направи преку писмо.

ЕСМ повторно одби да зборува за ТВ21. Ни кажаа дека нема ништо ново. Инаку, според Рамадани, Скопје-Север е дискриминирана затоа што за другите две топлани ЕСМ издвоила 18 милиони евра,  а тие не добиле ни 18 евра. Помошта што ја бара АД Скопје-Север е околу 1 милион евра за да ја надомести разликата помеѓу набавната цена на гасот и цената одобрена од РКЕ.