Еден добродушен лекар отпишал 650.000 долари долг од пациентите со рак.
Лекарот од Арканзас, Омар Атик, основал сопствен центар за третман на рак и неодамна им соопштил на своите пациенти дека ќе им биде преостанатиот долг ќе им биде избришан.
Откако работел скоро 20 години, центарот, за жал, ги затворил вратите во февруари поради недостаток на персонал. Тој нудел низа третмани за лекување на рак, вклучително и хемотерапија и радиотерапија.
Д-р Атик тогаш испратил честитки на скоро 200 пациенти најавувајќи им дека нивниот долг ќе биде отпишан, пишува „Арканзас демократски весник“.
„Клиниката одлучи да се откаже од сè што нејзините пациенти должат. Мислевме дека нема подобро време за тоа од пандемијата“, се вели во соопштението на клиниката.

Пред ослободувањето на долговите кон пациентите, д-р Атик побарал мислење од Дејвид Вротен, извршен потпретседател на медицинското друштво во Арканзас.
„Кога ми се јави, ме праша дали мислам дека има нешто несоодветно во тоа. Не можам ни да замислам дека ќе биде“, рекол Вротен по нивниот разговор.
„Ако го знаевте д-р Атик, ќе разберевте подобро. Прво, тој е еден од најпаметните доктори што сум ги сретнал, но во исто време тој е еден од најсочувствителните“, продолжи тој.
Приказната за дарежливиот лекар стана вирална, а многумина коментираа дека на светот му требаат повеќе луѓе како него.
