Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, бил толку блиску до смртта во еден момент за време на неговото лекување од пневмонија во болница во Рим што тим лекари размислувал да го прекине лекувањето за да може да почине во мир, изјави денеска шефот на неговиот медицински тим Серхио Алфиери.
Според него, по респираторната криза на 28 февруари во која папата речиси се задушил додека повраќал, постоел реален ризик да не преживее.
„Моравме да избереме дали да застанеме таму и „да го оставиме да почива во мир“, или да продолжиме со сите можни лекови и терапии, со најголем ризик да ги оштетиме другите органи“, изјави Афиери, доктор во болницата Гемели во Рим, за „Кориере дела сера“.
